Со новиот Закон за извршување, чија примена започна од 01.01.2017 година, се прават значителни измени во поглед на извршувањето на долгови за неплатени и заборавени сметки за електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, кабелски оператори, трошоци за редовно одржување на заедничките делови на зграда.

Така, новиот закон предвидува, пред давателот на услугата да може да поведе постапка за присилна наплата на долг кој произлегува од сметки за електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, кабелски оператори, трошоци за редовно одржување на заедничките делови на зграда, давателот на услугата мора до корисникот, преку надлежен извршител, да поднесе опомена – барање за вонсудска наплата на долг.

Давателот на услугата мора да поднесе опомена до корисникот за:
– сметки за вода, смет и одржување на заедничките простории во износ до 2.000,00 денари,
– сметки за електрична или топлинска енергија во износ до 6.000,00 денари,
– сметки за телефонија, мобилни оператори или кабелски оператори во износ до 2.000,00 денари.

Доколку износот на неплатените сметки го надминува износот од 2.000,00 денари, односно 6.000,00 денари – ако станува збор за сметка за електрична или топлинска енергија, давателот на услугата против корисникот може да поведе постапка за присилна наплата без претходно да се испрати опомена до корисникот.

 

Leave a Reply

Коментари