Со новиот Закон за нотаријат, кој започна да се применува од 01.01.2017 година, предвидени се значителни измени во поглед на склучување на договорите со вредност која надминува 10.000 Евра.

Овој закон предвидува дека секој од договорите за продажба со вредност каде цената на предметот на продажба надминува вредност од 10.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Македонија, задолжително треба да го состави адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис, без оглед дали договорот ќе се потврди (солемнизира) или завери.

Исто така, законот предвидува и дека договорот чија вредност е над 10.000 евра, каде една од страните е банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или осигурително друштво, приватната исправа не мора да биде составена од адвокат, меѓутоа едната страна сепак е должна да обезбеди адвокатски печат и потпис.

Доколку ви е потребен адвокат за состав на договор, најдете го вашиот адвокат на Најди Адвокат.

Leave a Reply

Коментари