Бенефит Плус Скопје, ја поседува и менаџира оваа веб странa прикачена кон доменот www.advokat.org.mk, како и кон други домени (во понатамошниот текст “Бенефит Плус”, “Benefit Plus”, “Benefit+”, “ние”, “наше” или “нас”) и нејзините мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа страница Вие (во понатамошниот текст “Вие” или “крајниот корисник”) изрично и неотповикливо се согласувате со Условите на употреба, како што следат подолу. Политиката за заштита на лични податоци и Општите услови претставуваат составен дел на овие Услови на употреба. Воедно, доколку се согласувате со овие Услови за употреба, се подразбира дека се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци и Општите услови, како и дека повремено ќе ги посетувате истите заради проверка на евентуални измени и дополнувања кон нив.

1. За веб страната

Најди Адвокат претставува регистар на адвокати во Македонија и истиот е достапен преку веб-страната прикачена на доменот www.advokat.org.mk. На оваа страница може да се зачлени секој кој врши адвокатска дејност и е запишан во именикот на адвокати кој го води Адвокатската комора на Република Македонија. Со зачленувањето адвокатите имаат можност да креираат свој профил, на страната, на кој постои можност за објава на различни инфомации во зависност од видот на членство кое е одбрано, а истиот може да се употребува и како лична веб страна на адвокатите. Адвокатите го менаџираат својот профил на страната и имаат можност да вршат промени во секој момент, се додека се активни членови, како и да објавуваат огласи за работа, информации, коментари, пракса, свои мислења или ставови и друго. Износот на членарината го утврдува Бенефит Плус и го задржува правото да изврши промена во било кое време, без претходно известување. Членарината се обновува на годишно ниво. Адвокатите кои се активни членови се додека ја плаќаат својата членарина навремено, цената на членарината ќе биде како онаа членарина која ја одбрале при првичното зачленување, а евентуалните промени на цените за нив нема да се применуваат. Во случај да се задоцни со плаќањето макар и за еден ден од денот заклучно со кој требала да биде платена членарината, престануваат да важат цените кои важеле при првичното зачленување и се применуваат променетите цени на членарината. Во одредени случаи Бенефит Плус може да направи намалување на редовните цени на членарината преку купони за попуст или на друг начин. Објавите на профилите на страната на која се објавуваат се врши според датумот на плаќање на членарината, на начин што профилот на последниот новозачленет член или член кој ја обновил својата членарина се подредува на почетокот на почетната страницата, а новите членови односно оние кои ја обновуваат членарината се подредуваат над претходниот, со тоа што претходниот ќе биде поместен подолу на страницата, а по повеќе новозачленети или членови кои ја обновиле членарината и на следната страница, при што ова се применува без оглед на видот на членството, освен за членовите со активна дијамантска (diamond) членарина чии профили секогаш се појавуваат на почетната страница, но претходно опишаниот начин на подредување соодветно се применува и за овие членови. Уплатите за членарина кои се вршат онлајн преку оваа страна НЕ СЕ ПРОЦЕСИРААТ ОД НАША СТРАНА. Истите се процесираат преку сигурна конекција, користејќи ги сигурносните сервери на Халк Банк АД Скопје, а Бенефит Плус воошто нема пристап кон податоците за вашата кредитна или дебитна картичка.

 2. Сопственост на веб страната

Страната, целата содржина и инфраструктура која се користи за да ја направи достапна е исклучива сопственост на Бенефит Плус. Со користење на оваа страна крајниот корисник се согласува со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст. Бенефит Плус ви овозможува лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да ја користите страната согласно Условите за употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од наша страна.

3. Употребување на страната

Предуслов за заченување на страната е да сте регистрирани за вршење на адвокатска дејност, односно ако се зачленувате во име на друг истиот да е регистриран за вршење на адвокатска дејност, а притоа изрично се согласувате дека:

  • Нема да се обидете да вршите било какво дејство на страната за вадење на информации од неа како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации;
  • Вашето користење на страната во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба, согласно законите, друга применлива регулатива и интерните акти на Адвoкатската комора на Република Македoнија;
  • Ќе оставате точни информации за Вас на било кое место на страната каде од Вас ќе биде побарано да оставате податоци;
  • Ќе ги ажурирате податоците за Вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време; и
  • Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.

4. Пристап до страната

Бенефит Плус го задржува правото да одбие зачленување на некој кој ги крши овие Услови за употреба или врши друг видови на злоупотреба, како и во вакви случаи да забрани пристап на страната или на профилот на било кое лице, во било кое време. Крајниот корисник е запознаен дека иако интернетот е безбедно место, понекогаш постои можност да има пречки во функционирањето на страната поради настани кои се надвор од контрола на Бенефит Плус, а во вакви случаи Бенефит Плус на никаков начин не е одговорен за кои било изгубени податоци или недостапност. Целта на Бенефит Плус е оваа страна да биде достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, но во одредени сутации истата може да биде привремено недостапна, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на рутински одржувања, ажурирања и надоградувања. Вие разбирате и се согласувате дека во вакви случаи пристапот до веб страницата може да биде повремено прекинат или ограничен.

Бенефит Плус има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект од функционирањето на страната, вклучувајќи, но неограничувајќи се на содржината, часовите на достапност и опремата која е потребна за пристап или употреба на страната.

5. Измена на Условите на користење

Бенефит Плус го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на употреба и/или од Политиката за заштита на лични податоци, како и Општите услови како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Бенефит Плус прави било какви суштински промени, се обврзува да ве извести со испраќање на e-mail на вашата e-mail адреса која е регистрирана кај нас и/или со објавување на известување за промена на станата. Било какви промени на овие Услови на употреба можат да стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на страната. Во случај да не се сложувате со промените во секое време можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ја употребувате оваа страна по промената на условите. Ви препорачуваме повремено да ги проверувате Условите на употреба, Општите услови и Политиката за заштита на лични податоци, со цел да останете информирани за било какви евентуални промени. Со секое користење на страната ќе се смета дека крајниот корисник дал согласност и ги прифатил Условите на употреба, Општите услови и Политиката за заштита на лични податоци, објавни онака како што се во моментот на користење на страната.

6. Вашиот профил

Вие можете да се регистрирате и да одржувате само еден профил на веб страната. Притоа, потенцираме дека повеќе адвокати кои работат заедно, а не се организирани во адвокатско друштво, вклучувајќи и адвокати кои работат кај друг адвокат, можат да имаат еден заеднички или повеќе посебни профили. Обновување на податоците на Вашиот профил е исклучива Ваша одговорност. На Вашиот профил имате можност да: промените, зачувате или избршете било какви информации од профилот. Вие знаете и се согласувате дека Бенефит Плус нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлзе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое ја користи страната преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено Вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите податоци кои се наоѓаат на него ако истиот не е ажуриран со тековни податоци, како и во случај на неплатена членарина. Било кое непочитување на овие Услови на употреба, законите или друга применлива регулатива може да доведе до исклучување на Вашиот профил без претходно известување. При првичното зачленување објавата на Вашиот профил може да биде објавена на нашите профили на социјалните мрежи.

 

7. Опрема за употреба на страната

Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема која е потребна заради пристап и користење на оваа страница и сите трошоци поврзани со тоа. Бенефит Плус не е одговорен за било каква штета на крајниот корисник како резултат од користењето на оваа страна.

8. Кодекс на однесување на крајниот корисник

Сите интеракции на страната мора да се во согласност со овие Услови на употреба, применливите закони и друга регулатива, вклучувајќи ги и интерните акти на Адвокатската комора на Република Македонија. Доколку забележиме дека Вашето однесување е спротивно на овие Услови на употреба или му попречува или забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од страната, или доколку поставувате податоци кои не се вистинити или на друг начин го злоупотребувате користењето на страната, го задржуваме правото да го ограничиме и укинеме Вашиот пристап и користење на страната, во било кое време без известување.

Следните активности се забрaнети и секоја од нив посебно претставува кршење и непочитување на Условите на употреба:

  • Поставување било каква содржина на страната која:
    • Ја крши применливата регулатива (вклучувајќи, но не огрaничувајќи се нa законите кои ги регулираат правата на интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета и навреда, или друго);
    • Содржи вируси или лош софтвер со кој може да се наштети;
    • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
    • Содржи пораки од неовластени лица, кои наводно зборуваат во нaше име или даваат доверливи информации;
    • Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификувани податоци; или
    • Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост, без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост.
  • Обидот да се напрaви или да се нaпрaви било што од наведеното:
    • Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање или пробивање на сервер или профил за кој не сте овластени за пристап;
    • Скенирање или следење на страната со цел за собирање на податоци;
    • Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на стрaнaтa со цел да се прекршаи безбедноста или мерките за автентикација; или
    • Мешање во употребата на страната од страна на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, но не ограничувaјќи се на поставување на вирус на страната, обид да се направи преоптоварување  со “спам”, или да се напраив прекин на страната.
  • Употреба на:
    • Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од страната без наша писмена дозвола;
    • Страницата, вашиот профил за рекламни, комерцијални, политички или верски цели, директно или индиректно; или
    • Страницата или било кој нејзин дел недостојно истакнување на крајниот корисник или барање и доаѓање до клиенти на недостоен начин.
  • Вклучување во било која од следните активности:
    • Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел или област на страницата или на било кои функции или можности обезбедени од страна на Бенефит Плус;
    • Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите податоци, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
    • Пристапување, следење или копирање на било која содржина од страната, користење на било кој “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;
    • Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни содржини или други информации од страната (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи ), со материјали од други страни без наша писмена дозвола;
    • Длабоко поврзување со кој било дел од страната без наша писмена дозвола;
    • Поврзување до сајтот од било кој друг веб-страна без наша согласност; или
    • Дејствување незаконски или злонамерно против Бенефит Плус.

9. Вашата приватност

Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е составен дел на овие Услови на употреба.

10. Авторски права и права од индустриска сопственост

Оваа страна може да содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, лого, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на оваа страна е во исклучива сопственост на Бенефит Плус или на Вас како автор. Бенефит Плус осносно Вие имате авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината која оригинално ја поседувате. Бенефит Плус осносно Вие имате авторско право над фотографиите кои се објавени. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, ИЛИ ДРУГО ПРОТИВЗАКОНСКО ДЕЈСТВИЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД БЕНЕФИТ ПЛУС ОДНОСНО АВТОРОТ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права или друга интелектуална сопственост, а прекршителот во ваков случај подлежи на одговорност за надомест на штета.

Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на оваа страна, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. Бенефит Плус не е одговорен за да му даде на крајниот корисник индикации за тоа дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Крајниот корисник е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот однос. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на оваа страна, крајниот корисник гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавувње, превод и дистрибуција на таквиот материјал. Крајниот корисник, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Крајниот корисник се согласува и дава право на било кој друг краен корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на оваа стана од крајниот корисник, а кој е за лична употреба.

11. Корисничка содржина

Страната им овозможува на регистрирани корисници и посетители повеќе можности да ги прегледаат или постават мислења, пракса, вести, дискусии, коментари, пораки, информации и други комуникации, како и поставување на датотеки, слики, фотографии, видео и други содржини (колективно, “содржини”) преку написи, форуми, огласни табли, групи за дискусија, виртуелни простории за разговор, анкети, блогови или други комуникациски објекти кои можат да бидат понудени на, преку, или во врска со оваа страна. Може да се бара од Вас да имате активен профил и уредно платена членарина за да може да поставите ваква содржина.

Ако поставите било какви содржини, гарантирате дека: (а) Вие сте авторот на содржините; или (б) ако делувате во име на авоторот, дека имате (i) изречна солгасност од авторот, да поставувате и променувате содржина, и (ii) сите права неопходни за доделување на лиценци во овие Услови за користење. Понатаму гарантирате (или, ако се делува во име на авторот на содржини, авторот е запознаен и истиот изјавува и гарантира) дека споделувањето на содржини за целите кои сте ги одбрале не прекршуваат авторски права, трговски марки или други права на интелектуална сопственост или права на трети страни, вклучувајќи ги и правата на публицитет или приватност. Вие гарантирате дека нема да поставувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставате на располагање содржини што се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, расистички, порнографски, непристојни, насилни, невистинити, клевети, инвазивни на приватноста на друго лице или штетни за било која трета страна; или ако содржините содржат било каков материјал кој крие вируси или било кој друг компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да се прекине, уништи или ограничи функционалноста на било кој софтвер или на компјутерска опрема.

Бенефит Плус има единствено и апсолутно право, но не и обврска, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на било која трета страна, во било кое време, од било која причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на употреба и сите оперативни правила воспоставени од страна Бенефит Плус, како и да ги задоволи сите применливи закони, подзнакоски акти и регулативи. Без ограничување на горенаведеното, Бенефит Плус има право да ја отстрани било која содржина од страната.

На страната е достапна опција преку која можете да менувате или отстранувате содржини поставени или испратени преку вашиот профил. Бенефит Плус не дава никаква гаранциија дека корисничката содржина која сте ја објавиле, менувале или отстраниле ќе остане објавена, изменета или отстранета од страната или на друго место, како и дека содржините ќе се појавуваат на интернет, во пребарувачите, социјалните медиуми, или на друга форма медиум или технологија.

Кориснички содржини

  • Вие разбирате и се согласувате дека корисничката содржина е јавна. Сите дискусии за коментари, огласни табли, виртуелни простории за разговор и / или други пораки или средствата за комуникација се јавни, а не приватни пораки, и според тоа, другите може да ги прочитаат комуникациите. Секое лице (без разлика дали е или не е регистриран член и корисник) може да ги прочита Вашите содржини без Ваше знаење. Ве молиме да не објавувате какви било лични информации во Вашите содржини, освен ако не сакате тие да бидат јавно објавени. Бенефит Плус не е одговорен за употреба или откривање на какви било лични информации кои виe ги објавувате како корисничка содржина.
  • Заради спречување на злоупотреби, на Вашиот профил нема јавно да биде објавена Вашата e-mail адреса преку која корисниците можат да ве контактираат. Корисниците ве контактираат преку контакт формата на Вашиот профил. Содржината се испраќа од наши корисници до Вас преку контакт формата на Вашиот профил не е јавна и истата се испраќа директно до Вас на регистрираниот e-mail. Секоја од овие содржини е направена од страна на соодветниот корисник, а не од страна на Бенефит Плус. Ве молиме да имате во превид дека овие содржини може да бидат неточни, погрешни или измамнички. Бенефит Плус не ја поддржува и не е одговорен за било која од овие содржини, и нема да да биде одговорен за било каква штета или загуба предизвикана од Ваше потпирање на таквата содржина. Корисничката содржина го одразува мислењето на подносителот на истата, а не мислењето на Бенефит Плус. Бенефит Плус не ги контролира или одобрува овие содржини, и посебно се оградува од секаква одговорност во врска со користење на или потпирање на било која содржина и какви било дејства кои произлегуваат од учеството во било кој дел од истите, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на сите несоодветни и непристојни содржини.

Одобрување/лиценцирање

  • Со зачленувањето и креирање на профил Вашите лични информации, или дел од Вашите лични информации, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на вашето име/назив, иницијали, корисничко име, корисничко име на социјална мрежа, слика, допаѓања, преференци, глас и локација можат да бидат објавени на страната. На овој начин Вие давате неповратно, неотповикливо, не-ексклузивно, преносливо, важечко низ целиот свет право на користење, прикажување и дистрибуција на Вашите содржини, без разлика дали содржините се појавуваат самостојно на Вашиот профил или како дел од други работи, како и во било која друга форма, медиум или технологија. Сепак, Бенефит Плус нема да има обврска секогаш да ги објавува Вашите информации во врска со било која корисничка содржина, а особено не во случај на неактивно членство.
  • Вие го задржувате сопственичкото право над содржината која ја поставувате. Во секој случај, со оставањето корисничка содржина на страната Вие му давате на Бенефит Плус бесплатно, неповратно, неотповикливо, не-ексклузивно, преносливо, важечко низ целиот свет право на користење, прикажување, дистрибуција на соджините објавени од Вас, без разлика дали содржините се појавуваат самостојно или како дел од други работи, како и во било која форма, медиум или технологија, да ги користи и објавува истите без надоместок за Вас. Ви му давате на Бенефит Плус морално право и сите други права кои може да ги имате согласно законите, а кои произлегуваат од авторство на содржината или интегритетот на материјалите во врска со Вашата поставена корисничка содржина.

Поврзување со социјални мрежи (Facebook, Twitter, Google Plus)

  • Страната им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Доколку го поврзете вашиот профил со социјалните мрежи, или доколку го креирате Вашиот профил користејќи некој од Вашите профили на социјалните мрежи, имајте во предвид дека информациите кои ги објавувате на страната можат да се објавуваат и на социјалните мрежи.

12. Електронска комуникација

Кога ја користите страната или испраќате електронски (e-mail) пораки до нас, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на страната. Ние ќе комуницираме со Вас преку e-mail или преку поставување нотификации или коментари на страната. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните критеруми и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата e-mail адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.

13. Ослободување од одговорност за надомест на штета

Се согласувате да го браните и заштитите Бенефит Плус, како и вработените лица или други лица кој дејствуваат во наше име од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а)  било која содржина поставена од Вас, поврзана со страната или било кое користење на страната кое ги прекршува овие Услови на употреба, (б) претставува измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои применливи закони во РМ или странски закони или друга применлива регулатива, како и права на трети лица.

Само Вие сте одговорни за интеракцијата со корисници на странтата кои ве контактираат. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие се согласувате дека го ослободувате Бенефит Плус од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од неточни податоци поставени од Вас на страната. На овој начин се согласувате да надоместите евентуална штета која може да е направена.

14. Виша сила

Бенефит Плус нема да се смета за одговорен за нефункционирањето на страната, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски храдвер, мрежи или софтвер и/или (ѓ) други вонредни сосојби.