Не случајно, правото на едно лице да биде застапувано во кривичните постапки од квалификуван адвокат е загарантирано со многу меѓународни документи. Меѓународните конвенции ги гарантираат основните човекови права и најстрого ги осудуваат повредите на овие  права. Најчесто, најтешките кривични дела се регулираат со меѓународни документи.

Еден од тие меѓународни документи е Европската конвенција за човекови права, чија членка е и Република Македонија.

Во член 6 од Конвенцијата е загарантирано правото на пристап до правдата. Според Конвенцијата, пристапот до правдата во определени видови на кривични постапки се остварува само со соодветно правно советување, одбрана и застапување!

Конвенцијата го гарантира правото на човекот да биде советуван, бранет и застапуван од страна на квалификуван адвокат. Ваквото право е ефективно само доколку на граѓанинот му  е запазено неговото право: 1) да прими правна помош по свој избор како и 2) да му биде дадено адекватно време да ја припреми одбраната.

Според Конвенцијата, правната помош може да биде круцијална за решавање на предметот, особено онаа дадена во раните фази на кривичната постапка – пред донесување на обвинителен акт.

Правото на правна помош е загарантирано и со Уставот на РМ!

Член 12 од Уставот на РМ гласи:

„Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.“

Правото да бидеш застапуван од адвокат не започнува пред судот, туку уште во полициската постапка! Полицијата мора да ги почитува и запази правата на осомничените лица!

Лицата кои се лишени од слобода имаат право да бидат изведени пред суд веднаш во моментот на лишувањето, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на лишување од слобода! Задржувањето на лицата лишени од слобода повеќе отколку што е потребно и практиката да тие не бидат изведени веднаш пред судија на претходна постапка, претставува повреда на правото на пристап до правдата!

И во нашиот Закон за кривичната постапка  е предвидена задолжителна правна помош во определени случаи и тоа кога:

  • лицето е обвинето за кривично дело за кое следува казна затвор од 10 години или повеќе

  • против лицето се води кривична постапка за дело за кое е пропишана казна доживотен затвор

  • на лицето му е пропишана мерка притвор

  • на обвинетиот му се суди во отсуство

  • обвинетиот е нем, глув или неспособен самиот успешно да се брани

  • отпочната е постапка за спогодување помеѓу обвинетиот и јавниот обвинител

Задолжителната правна помош во овие случаи е предвидена, пред се, поради сериозноста на кривичните дела кои им се ставаат на товар, но и поради тоа што не ретко осомничените не се доволно запознаени со нивните права и немаат доволно знаење за тоа како можат да ги остварат истите!

За успешно да ги оствариш твоите права, загарантирани со меѓународните документи, Уставот на РМ и законите,

НАЈДИ АДВОКАТ!

Leave a Reply

Коментари