Во зависност од различните области во правото, како и различните видови на проблеми кои ги имаме во секојдневниот живот, многу е важно да одбереме адвокат кој е експерт во онаа област во која што најмногу ни е потребна правна помош.

Областа на граѓанското право опаќа најголем број на правни проблеми со кои се среќаваме во секојдневието како индивидуи.

Доколку имате проблеми во семејството, поврзани со старателство на деца, развод на брак или пак станува збор за прекин на вонбрачна заедница и остварување на правата кои следуваат од неа, вас ви треба адвокат кој работи семејно право.

Во случај да сакате да го распределите вашиот имот за време на животот или пак сакате да составите тестамент, вас ви треба адвокат кој работи наследно право. Тој ќе ви даде совет за последиците и правните можности како да го распределите имотот, но и како да избегнете понатамошни расправии и неправди во распределбата на имотот. Адвокат кој работи наследно право ќе ви помогне и во водењето на оставинската постапка, во случај да сте наследник. Тој ќе се осигура, да го добиете она што вас како наследник ви следува и во случај да се чувствувате онеправдани, да ги преземе сите правни механизми за постигнување на праведна и еднаква распределба на имотот помеѓу наследниците.

Адвокатите што работат граѓанско право ќе ви помогнат и да бидете обештетени во случај да сте претрпеле материјална или нематеријална штета. Ако мислите дека вие сте претрпеле штета на било каков начин (сообраќајна незгода, телесна повреда, сте биле измамени и поради тоа трпите штета) – веднаш контактирајте адвокат кој работи оштетно право! Објаснете му ја конкретната ситуација и детално упатете го. Тој знае да изврши правна класификација за каков вид на штета станува збор и да ве советува што да направите следно и како да се осигурате дека ќе бидете обесштетени, како и на кој начин е најдобро да побарате обесштетување, дали е најдобро преку спогодба или пак подобро е да се поднесе веднаш тужба до судот?

Дали сте жртва на договорите за кредит со девизни клаузули или познавате барем некој кој бил жртва на овие договори? Не ризикувајте! Пред да потпишете било каков договор (дали за кредит, дали за продажба, дали за градење или за наем на простор) со било кој, без разлика дали станува за личност од доверба или не – советувајте се со адвокат кој работи договорно право! Тој ќе ви објасни што точно значи секоја клаузула од договорот и дали би можела таквата клаузула да биде употребена против вас во иднина. Адвокатот ќе ве советува и какви договорни одредби е најдобро да вметнете во договорот, за да и двете договорни страни бидат спокојни и сигурни дека договорот ќе се оствари онака како што е договорено.

За се од погоренаведетото и за многу други работи, НАЈДИ АДВОКАТ!

 

Коментари