Сте помислиле ли некогаш да отворите бизнис? Тогаш ќе ви треба адвокат кој работи деловно право.

Тој може да ве советува во врска со основањето и регистрацијата на вашата фирма. Во зависност од тоа колкав капитал вложувате, ќе ви помогне да ја изберете правилната форма на трговско друштво (ДОО, ДООЕЛ, КД, ЈТД, КДА или АД) и ќе ви помогне на правилен начин да ги регулирате внатрешните односи во самото друштво (со останатите ваши партнери, доколку имате такви). Тој е обучен за тоа и знае кој е најдобриот начин на уредување на ваквите односи, па ќе бидете сигурни дека во иднина нема да имате проблеми со распределба на добивката или распределба на дивиденда.

Доколку пак сакате да основате невладина организација или фондација, адвокатот кој работи деловно право ќе ви помогне околку составувањето на статут и регистрација во трговскиот регистар. Тој може да ве советува и околку склучувањето договори за донација или спонзорство.

Вашето друштво треба да земе кредит и ви треба дополнителен капитал за вршење на дејноста за која сте регистрирани? Адвокатот кој работи деловно право ќе го разгледа договорот за кредит и ќе ви даде мислење што се добрите, а што лошите страни на таквиот договор, како и тоа дали договорот треба да има денарска или девизна клаузула.

Ако претходно сте имале фирма, а не знаете како да ја затворите, тогаш ќе ви треба адвокат кој работи деловно право. Во зависност од тоа дали друштвото имало добивка или загуба со работењето, ќе оцени дали треба да се спроведе постапка за ликвидација или стечај, и знае како правилно треба да се одвива постапката, па не треба да се грижите за тоа дали ќе добиете правичен дел од ликвидационата маса.

Адвокатот кој работи деловно право може да ви помогне и околу статусните промени и процедури за истото во вашето друштво. Доколку сакате да купите некое друго друштво или сакате да се да се споите со некое друго друштво и слично, тој ги знае сите правни процедури за известување, за земање дозвола, како и за склучување спогодба за статусна промена или план за поделба.

Ако сте доверител на некое друштво, вас исто така може да ви треба адвокат кој работи деловно право. Во случај на ликвидација, стечај или пак статусна промена, вие како доверител имате право да барате дополнително обезбедување на вашето побарување или пак ако станува збор за веќе втасано побарување, можете да барате намирување од стечајната/ликвидационата маса на тоа друштво! Најдете адвокат кој ги знае сите процедури и правни механизми за да бидете мирни дека друштвото кое ви должи, ќе ви го врати долгот!

Доколку имате определен капитал, а не сакате да се бавите со бизнис, но сакате да го вложите и да го зголемите, адвокатот кој работи деловно право може да ве советува во кое друштво е најдобро и најпрофитабилно да го вложите вашиот капитал. Најдете адвокат за да се осигурате дека нема да бидете изиграни и оштетени при ваквите трансакции. Откако ќе го вложите вашиот капитал и станете содружник или акционер во некое друштво, можете да бидете сигурни дека ќе се почитуваат сите правни процедури од страна на органот на управување, како и за тоа дека ќе ги добиете сите права (право на добивка/дивиденда, право на глас при одлучување и др.) кога имате адвокат кој ќе се залага за вашите права  и ве застапува на собранието на содружници/акционери во тоа друштво.

За сето ова, НАЈДИ АДВОКАТ!

Коментари