Секој аспект на нашето општество е под влијание на правниот систем. Почнувајќи од потпишување на договор па сè до возење на сопствениот автомобил. Адвокатите, кои се вклучени во овој правен систем, имаат голема одговорност во одржувањето и почитувањето на строг етички кодекс.
Можеби досега и не сте биле запознаени, но постојат адвокати со многу различни видови на работни обврски и задачи. Сите тие играат важна улога во животите на другите, впрочем и во животите на сите нас.
Адвокатите може да се специјализираат во различни области на правото како на пример: стечај, животна средина, интелектуална сопственост, но најчесто тие се занимаваат со приватна пракса каде што се концентрарни на кривично или граѓанско право.
Адвокатите можат да ве застапуваат на суд, во проблеми во посредувањето односно медијација, во бизнис трансакции, во семејни прашања и други ситуации кои што се регулирани со законите. Во сите овие ситуации, да имате адвокат е важно, затоа што тој ќе биде во можност да ве советува за вашите законски права и обврски и ќе ви предложи насоки за преземање на понатамошни активности во бизнисот, но и во личните работи. Погрешно е сфаќањето дека адвокат им е потребен само на луѓето кои се во неволја!
За сето она со коешто се среќаваме во животот, па дури и за малите одлуки, секогаш ќе ни биде потребна помошта од адвокат за да нè води во преземање на правилните постапки во согласност со законите. Дури и во наједноставните случаи на склучување на договор за кирија односно закуп на простор, потребен ви е советот и раководството на адвокат за да се осигура дека сте ги оствариле вашите права.
Адвокатот понекогаш го нарекуваме и “мајсторот”. Тој го поправа она што сме го скршиле, без разлика дали се работи за бизнис или за наша лична работа. Меѓутоа, ваквата поправка може да биде причина за лоша состојба или нанесување штета на спротивната страна. Во секој случај, во постапката ќе има губитник, но адвокатот е таму за да се осигурате дека вие ќе бидете победникот.
Сите ние сакаме да веруваме дека постои правда и дека нашиот правен систем функционира. Овде почива и основната одговорност на адвокатот, ако е можно тоа според законите – да се осигура дека очекувањата на клиентот целосно ќе се исполнат или пак ако тоа не е можно според законите – дека правда за клиентот нема да може да се постигне.
Адвокатот е клучен дел од целиот овој процес. Па затоа, пред да изберете, осигурајте се дека сте го нашле вистинскиот адвокат, во зависност од природата на случајот со кој се соочувате. Ќе биде подобро да најдете адвокат е најсоодветен за случајот и работи во таа област на правото, особено за некои критични случаи.
Истиот во Република Македонија, можете да го побарате на веб-страницата www.Najdiadvokat.mk!
Извор: http://EzineArticles.com/3840597
Коментари