Секој адвокат мора да се придржува до принципите на доверба и доверливост. Придржувањето до двата принципи значи дека адвокатот мора да ги чува како доверливи сите информации што клиентот ќе му ги даде на располагање и да да му овозможи на клиентот слободно да може да му се довери, но двата принципи имаат различно значење.
Терминологијата на двата принципа, многу често се користи за другиот принцип, па затоа и нивниото значење се меша. Постојат неколку клучни разлики помеѓу овие два принципа и нивната примена.
Принципот на доверба е прокламиран во Кодексот на етика и гласи „Помеѓу адвокатот и клиентот мора да постои однос на доверба, … доколку адвокатот поседува лично достоинство,чесност и интегритет“. Поседувањето на достоинство, чесност и интегритет претставува професионална обврска на секој адвокат и доколку не ги поседува, може да биде подложен на дисиплински санкции. Нема супститут за довербата што клиентот треба да ја има во неговиот адвокат. Помага да врската биде поотворена, со искрена комуникација, ја зголемува соработката и конечно доведува до успех во застапувањето. Клиентите кои им веруваат на своите адвокати се поотворени да ги послушаат нивните правни совети, правејќи да адвокатот и неговите соработници работат со задоволство на конкретниот случај. Колку доверба ќе има клиентот во неговиот адвокат, зависи од самиот адвокат. Крајната оценка за тоа дали еден адвокат има достоинство, чесност и интегритет ја дава клиентот. Адвокат кој верува дека секој контакт со неговиот клиент резултира со оценка за неговата личност, секогаш создава можности и ситуации со кои ќе ја зајакне врската меѓу него и неговиот клиент, а со тоа и ќе докаже дека може му да се верува.
Од друга страна пак, доверливоста како принцип, честопати нарекуван и тајност на информациите, потекнува од кривичното право на обвинетиот да може слободно и без надзор да коминицира со својот бранител (кој мора да биде адвокат), како и тоа дека за информациите кои адвокат ги стекнал додека го вршел своето занимање. Како што е прокламирано во Кодекост на етика „Обврската на адвокатот за почитување на принципот на доверливост е временски неогранична и важи за сите информации кои ќе ги дознае од својот клиент во вршењето на неговата професионална активност“. Меѓутоа, доверливоста на информациите разменети меѓу адвокатот и клиентот ги опфаќа само оние информации кои му се дадени на располагање на адвокатот во вршењето на својата професионална должност за застапување. Од друга страна, етичката обврска на адвокатот за тајност на информациите е доста опширна во поглед на тоа какви информации може да се сметаат за тајни т.е. доверливи. Ги опфаќа не само информациите што клиентот му ги соопштил или му ги ставил на располагање на адвокатот во врска со застапувањето, туку и сите други информации кои адвокатот ги дознал, а се поврзани со застапувањето, без разлика дали ги дознал од самиот клиент или пак од некој друг извор. Обврската за доверливост се однесува на сите ситуации, па дури и во ситуација кога адвокатот ќе биде обврзан да сведочи пред суд, тој не смее да открие било каква информација која се смета за доверлива. Доверливите информации мора да останат доверливи, без разлика на тоа дали клиентот му е сеуште клиент на адвокатот или таквиот однос престанал т.е. адвокатот мора да ги чува како довеливи доживотно. Како и да е, кога информациите ќе станат општо познати, кога ќе добие согласност од клиентот за да ги обелодени (што може да биде случај во точно определени со закон ситуации) обврската за тајност на информациите веќе не постои.
ni eden advokat nema sto ke se nafati da napise tuzba ili da prestavuva klient pred sud sto tuzi advokat sto mu napravil steta pri prestavuvanje na predmet.ako ima takov neka pise vo komentar.