Наквисокиот суд во Европа, Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека времето поминато во патување кон работното место и патувањето кон дома е дел од работното време.

Покрај ова, ЕСП пресуди и дека работниците кои ќе се разболат за време на годишниот одмор може да ги бараат и тие денови како одмор.

Според одлуката, работниците кои немаат фиксна канцелариска работа може да го наплатат времето поминато во патување. Ова може да значи дека компаниите кои вработуваат работници како електричари, работници на бензинска пумпа, негуватели или агенти за продажба ги прекршуваат регулациите за европското работно време.

ЕСП изјавил дека ги заштитува здравјето и безбедноста на работниците според Директивата на ЕУ за работно време. Одлуката се однесува на случај од Шпанија поврзан со компанијата „Тајко“, компанија за системска безбедност.

Фактот дека работниците ги започнуваат и завршуваат патувањата во своите домови директно се поврзува со одлуката на нивниот работодавач да ја напушти регионалната канцеларија, а не поради волјата на самите работници – стои во одлуката на ЕСП.

Одлуката пак за болни денови од годишен одмор е дел од случај со Франциско Переда, советник од Мадрид. Переда се повредил непосредно пред започнување на неговиот едномесечен одмор. Тој покренал постапка против својот работодавач бидејќи одбиле да го одложат неговиот годишен одмор. ЕСП предусил во негова корист, велејќи дека има право да го одложи својот одмор.

 

Извор: Independent

Leave a Reply

Коментари